Претседателот на Алијансата Зијадин Села во гостувањето на Топ Тема на Телма ТВ рече дека премиерот Зоран Заев во разговор со него му рекол дека е уценет од неговиот коалиционен партнер Али Ахмети со излегување од Влада, доколку Алијансата за албанците го добие министерското место во здравството.
„Првиот момент кога се видовме после избори во Александар Палас тој прво почна со тоа што се извини за тоа што се случи на локалните избори. Тогаш му кажав дека тој лично дошол да се меша во Струга да ја поддржи најлошата варијанта за градот.
Села рече дека Заев на нивната средба не можел да го гледа во очи цели 15 минути.
„Ако веќе тој е премиер, тој требаше да објасни која би била улогата на тој вицепремиер за реформи. Тој рече дека Ахмети го уценувал со излегување од Влада доколку го добиеме министерството за здравство“, рече Села.