Коментирајќи ги шпекулациите за доаѓањето на Артур Видал од Баерн и Алексис Санчез од Арсенал, менаџерот на Челси Антонио Конте вели дека неговиот збор не е последен кога станува збор за трансферите.
“Мораме да останеме мирни. Не сакам да зборувам за играчи на други клубови, но споменавте два големи играчи, силни играчи кои се меѓу најдобрите на светот на своите позиции – тоа важи и за Видал и за Санчез“, рече италијанскиот стручњак.
Челси вечерва од 20:45 му гостува на Арсенал, а договорот на Санчез со топџиите истекува на лето.
“Во ситуацијата кога давам свое мислење, пробувам да ја објаснам ситуацијата каде ротацијата е непотполна. Доколку ме прашуваат за имиња, пробувам да им понудим, но на крајот клубот одлучува за конкретните играчи, вложувања, за тоа кој е најдобар играч за екипата“, додаде тој.