Хрватска и натаму ја повикува Словенија да го продолжи дијалогот и да избегнува еднострани чекори и инциденти, а што се однесува на словенечката најава за наплатување казни за хрватските рибари, истото може да го направи и хрватската страна против словенечките рибари ако биде потребно, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на почетокот од првата седница на Владата оваа година.
– Ние и понатаму ја повикуваме Словенија да избегнува еднострани чекори, да избегнува инциденти. Нема никаков проблем во тоа нашата полиција да ги снима сите словенечки бротчиња кои ќе дојдат во наши води, рече хрватскиот премиер истакнувајќи дека најмал проблем е да се издаваат казни.