23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Мицкоски: Нашето мото е обединување, без разлика дали во минатото сме имале различни ставови

 

Конструктивност меѓу партиите е потребно да има, меѓутоа конструктивноста не може да биде само од едната страна, туку таа треба да биде обострана,  од власта и од опозицијата. Доколку процесите на владејачкото мнозинство овозможуваат подобрување на животот на граѓанинот тогаш ние ќе ги поддржиме тие процеси, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на МТВ 1.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за препораките на неговиот претходник Груевски, да расчисти со партиските предавници, Мицкоски порача: Вратата во партијата е отворена за сите, овие луѓе многу дале за партијата, вратата им е секогаш отворена, со најголем дел од нив и лично контактирам. Мотото е обединување, без разлика дали во минатото сме имале различни ставови. Треба да им застанеме на овие штетни политики кои ги води владата на СДСМ, кои не го подобрија квалитетот на животот на граѓаните. Секој добронамерен сопартиец и граѓанин е добродојден во партијата.

Тој појасни дека ќе има внатрешна реконструкција во партијата, и најави дека  ќе се формираат две нови тела, совет на извршен комитет и совет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, со што како што рече, ќе понудат една нова надеж.

-Имам можност да им служам на граѓаните и на мојата држава, и ова ќе биде дополнување на моето портфолио, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави