fbpx
20.8 C
Skopje

Ги украде насловните како најскапо засилување: Човекот 3 од 3 пристигна за смешна сума, а сега сите го сакаат

АКТУЕЛНО

Во Купот на кралевите ретко ќе видите кои фудбалери играле со првите состави, па исклучок не е ниту Барселона. Во првиот натпревар на осмина-финалето во ремито против Селта од 1:1 шанса во нападот доби и 22. годишниот Жозе Мануел Арнаиз. И ја искористи на најдобриот можен начин, со трет гол за каталонскиот тим во натпреварувањето. Воедно, успеа да биде на насловните страни на сите популарни таблоиди и весници и го засени враќањето на најголемото засилување на Каталонците ова лето – Дембеле.

Интересно, Арнаиз е инаку лево крило и игра за вториот тим на Барселона, за кој оваа сезона во 19 настапи има постигнато шест погодици и четири асистенции.

Бројките во Купот се уште повеќе импресивни, три настапи за првиот тим на клубот и три голови во 189 минути поминати на терен.

Тој инаку не е дете на Барселона, како што би можело да се помисли, туку ова лето пристигна во каталонскиот клуб како засилување за момците од нивниот втор тим од Ваљадолид за 3,4 милиони евра.
Висок е 171 сантиметар, а главните одлики му се сјајниот дриблинг и силниот удар, додека единствена маана му е тоа што не е склон да и помага на одбраната. Тренерот на Барселона Ернесто Валверде има само пофални зборови за играчот и нема никакво сомневање во неговите квалитети.

„Можеби во иднина почесто ќе ги користиме неговите услуги“, рече тренерот на каталонците кој се осврна на Дембеле и додаде:

“Дембеле не е спремен да игра од првата минута, а мораше да игра на позиција на која нема дефанзивни обврски“.

https://www.youtube.com/watch?v=355tI1BFvYQ

Арнаиз во април ќе наполни 23 години, а тоа значи дека веќе нема да може да биде на располагање и за првиот и за вториот тим поради правилата на фудбалскиот сојуз. Договор со клубот има до 2020., а откупната клаузула му е 20 милиони евра. Англиските клубови Арсенал и Манчестер Јунајтед веќе подолг период го следат играчот и сериозно се заинтересирани за неговите услуги. За тоа каква иднина го очекува играчот, останува да видиме…

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -