6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Генералниот секретар на НАТО ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија, на 18 јануари на пленарана седница ќе им се обрати на пратениците во македонското Собрание.

Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страницата на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом.

Инаку, посетата на Столтенберг доаѓа во период на засилени активности и комуникација на властите во Скопје и Атина околу решевањето на деценискиот спор со името и очекувањата на Македонија за напредок во евроатлантските интеграции.

поврзани објави

Последни објави