fbpx
20.8 C
Skopje

Ел Феномено за ерата на Роналдо и Меси: Лесно ви е на вас сега да бидете најдобри…

АКТУЕЛНО

Некогашниот најдобар фудбалер на светот, Роналдо Назарио да Лима, смета дека Меси и Кристијано Роналдо всушност и немаат некаква вистинска конкруенција во борбата за најдобар играч на светот.

“Во мое време натпреварувањето беше многу потешко и попредизвикувачко него што е сега. Ова го зборувам без никаква намера да деградирам нечиј труд, вредност особено не оној на Меси и Кристијано“, рече Бразилецот за “Спорт Билд“ и додаде:

“Тие секако ќе се борат за титулата – најдобар на светот. Но, погледнете, некогаш тука беа Зидан, Ривалдо, Фиго, јас, и Роналдињо. Тоа беше генерација во која беше многу тешко да бидеш најдобар“.

Земајќи во предвид дека веќе неколку години е во пензија, Роналдо од страна ги следи случувањата во Реал Мадрид, како и во Шпанската лига. Не одамна го критикуваше третманот кој Барселона го има спрема бразилците, па смета дека лошото однесување на каталонскиот клуб кон неговите сонародници е главната причина за заминувањето на Нејмар во ПСЖ.

Ел Феномено во текот на својата кариера настапуваше за ПСЖ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан. Ги освои сите индивидуални титули, а од тимските му недостасува само Лига на шампиони.

Посебно значајно е Светското првенство во 2002. година на кој беше најдобар стрелец на турнирот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -