13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ОД РЕАЛ СО ОДГОВОР: СО ПОЧИТ КОН КЕЈН, НО ТОЈ НЕ Е НА НИВОТО НА РОНАЛДО

Шпанските медиуми пишуваат дека извор близок до управата на мадридскиот клуб изјавил дека од клубот се уште не сметаат дека Хери Кејн е човекот кој би можел да биде најплатениот играч на светот.

Според шпекулациите кои излегоа, според нив, Кејн не бил во позиција од само една сезона да бара годишна плата иста од онаа на Кристијано.

Во Мадрид бараат идеална замена за португалецот, а дали Хери Кејн ќе биде вистинското решение за негова достојна замена, останува да видиме.

Информациите кои протекоа во одредени медиуми говорат дека Кејн имал пет услови кон мадрдискиот клуб, а една од нив е да биде најплатениот играч во светот.

поврзани објави

Последни објави