3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Фиц: Косово има право да одлучува кој влегува

Амбасадорката на Германија во Косово, Анџелика Фиц изјави дека Косово како независна држава има право да одлучува кој влегува на негова територија од граничните премини.

„Германија го призна Косово и тоа важи за целата територија, вклучувајќи го и северот, истакна Фиц за „Коха диторе“.

За ѕидот во северна Косовска Митровица таа рече дека жали поради тоа што косовската Влада константно мора да се бори со проблемите, кои и се наметнати.

„Ги поздравувам умерените реакции на косовската Влада во моменталната ситуација и се надевам дека наскоро ќе биде пронајдено мирно решение за ѕидот“, додаде таа.

поврзани објави

Последни објави