13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ: ГЛАДУВАВ ВО ДЕТСТВОТО И МОРАВ ДА ЗАРАБОТУВАМ НА УЛИЦАТА ЗА ХРАНА..

Касано ја отвори душата за својот живот

Италијанскиот фудбалер Антонио Касано своевремено беше голема надеж на европскиот фудбал, но поради свето однесување не успеа до крај да покаже колку може.

Касано го привлече вниманието на играчите во дресот на Рома во тандем со Франческо Тоти, а после тоа премина во Реал Мадрид. Меѓутоа, Касано поради своето однесување не успеа во кралевскиот клуб и само година дена подоцна повторно се врати во Италија по што веќе ништо не било исто.

Искусниот напаѓач имаше тешко детство и призна дека како младо момче морал да заработува за да не остане ладен.

“Иако бев во Барија на мои 17 години и тогаш знаев да гладувам. Мојата мајка не заработуваше многу и веќе како младо момче почнав да заработувам за храна. Наоѓав начини само за да се прехранам. Мајка ми не зборува добро италијански јазик бидејќи се откажа од училиште за да се жртвува за своите деца. Фудбал играв од мали нозе на улицата и тој кој што нудеше највеќе пари ме имаше за тие пари, 2-3 евра многу значеа на мојата фамилија. Потоа дојде натпреварот против Интер и се се промени“, рече Касани па продолжи:
“Сигурен сум дека во животот ми недостасувала личност со авторитет која ќе ми го покаже вистинскиот пат. Сигурно немаше да бидам ваков доколку имав татко покрај себе. Тој нас не напушти кога бев младо момче бидејќи имаше друго семејство.

Овој 35. годишни напаѓач дебитираше во Барија од кој што тим во 2001. година се пресели во Рома. Подоцна играше за Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона. Во дресот на репрезентацијата на Италија одиграл 39 натпревари и постигнал десет голови.

поврзани објави

Последни објави