13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

АС ТВРДИ: РЕАЛ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА БАРСЕЛОНА – Мохамед Салах е во Мадрид!

Кралевите сакаат голем трансфер

Мадридски Реал наводно спремал огромна понуда за фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах (25).

Фантастичниот Египќанин во дресот на Реал игра одлична сезона. Тој е втор стрелец во Премиер-лигата веднаш зад Хери Кејн со 17 голови.

Тој со своите настапи привлече огромно внимание на многу екипи.

Реал Мадрид според пишувањата на магазинот АС, е сериозно заинтересиран за купување на 25. годишниот офанзивец. Тие сакаат да го возвратат ударот на Барса која од Енфилд го донесе Филипе Кутињо и наводно спремиле огромна мега понуда за Салах.

Меѓутоа, официјални потврди за понуда нема. Скај Италија исто така тврди дека Кралевите имаат намера да извршат еден голем трансфер оваа зимо и дека египетскиот меси всушност им е нејзината прва опција.

Салах својата европска авантура ја започна во дресот на Базел, а играше и за Фиорентина, Челси и Рома, а во почетокот на летото потпиша договор со Ливерпул и се испостави како одлично засилување.

Покрај Салах, Реал се поврзува и со уште неколку други фудбалери, а најголема желба им е напаѓачот на Тотенхем Хери Кејн.

поврзани објави

Последни објави