11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кога може казна за обичниот граѓанин со 200 евра, зошто да не може за министерот за правда со 1000 евра плата?

Откако пред дваесетина дена службеното возило на министерот за правда беше непрописно паркирано на тротоар пред зградата на министерството, денеска било фотографирано како прави сообраќаен прекршок, минува преку две полни ленти.

На фотографиите кои се поставени на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, може јасно да се види како возилото со вклучен трепкач тргнува, врти и влегува во спротивната лента.

За посетување, истиот службен „Пасат“ на министерот беше паркиран на самиот тротоар, по што од Град Скопје монтираше столпчиња за возилата да не можат да се качуваат на тротоарот, а министерот вети дека повеќе нема да го паркира возилото на тротоар.

поврзани објави

Последни објави