Стефанос Атанасиадис, грчкиот фудбалски репрезентативец кој моментално настапува во Израел за Макаби Хаифа на социјалните мрежи излезе со провокација и навреда за Македонија.
Атанасиадис кој е поранешен играч на ПАОК, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави стихови од песна, а под нив напиша „Македонија е грчка“.
УЕФА веќе години наназад се бори против ширење на на национализам и расизам за што има низа акции, но очигледно кај нашите јужни соседи тоа се уште не важи.
Извор: СпортКлуб