2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВИДЕО: Попот го фрли крстот и падна. Како изгледаше тоа?

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Co тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок род­ни­на. Co овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бад­ник, Божик, Нова Година (Василица).

Непријатна случка имаше на минатогодишното одбележување на Водици односно на фрлањето на крстот во Сушица (Струмичко). Речиси во сите градови и општини беше одбележан овој празник, меѓутоа најголемо внимание предизвика фрлањето на крстот во Сушица, Струмица каде што попот при осветувањето на водата во малото езерце и по фрлањето на крстот, падна, при што наместо да му помогнат на попот, жителите се смеаа и забавуваа.

За среќа тогаш попот остана неповреден. Да се надевамe дека оваа година инциденти од ваков тип нема да се повторат.

поврзани објави

Последни објави