13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Љубе Бошковски, Мендух Тачи, пратеникот Џеват Адеми и уште десетици македонци на „Црната листа“ на САД

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, пратеникот Џеват Адеми, како и ексминистерот за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, се наоѓаат на црната листа на САД на лица и компании на кои им се забранува патување и вршење финансиски активности во САД. Лицата од оваа листа, според американските власти, претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност и интересите на државата, а на предлог на Стејт департментот и министерствата за правда и финансии ја потпишува американскиот претседател.

Од Македонија на црната листа ажурирана на 5 јануари годинава може да се сретнат имиња на повеќе македонски актуелни и поранешни политичари, паравоени команданти, но и лица што повеќе не се живи. Меѓу другите, на црната листа на САД се Изир Самиу – Баци, Невзат Халили, Џавид Хасани, Џемаљ Хусени, Реџеп Даут, како и Дилавер Бојку – Леку, кој пред неколку месеци беше застрелан пред неговиот ресторан „Аква блу“ во Струга.

На листата има лица инволвирани на фронтовите во Сирија, кои се поврзуваат со дел од терористичките организации, а по потекло се од Македонија. Помеѓу нив се Јашари Абдул од Скопје, попознат како Командант Ираки, Бернал Ѓаралеш, Кастриот Хаџиреџа и други.

Повеќе за ова на: Makfax.com.mk

поврзани објави

Последни објави