Искусниот германски фудбалер Бастиан Швајнштајгер (33) влегува полека во завршницата на кариерата. Легендата на михенски Баерн во изминатите години настапуваше во американската MLS лига за екипата на Чикаго Фајр, но од јануари е слободен играч.
Иако Швајнштајгер уште не одлучил што понатаму со неговата кариера, понудите на неговата адреса се почесто пристигнуваат. Една од нив во претходните денови е од тимот од кој тој никогаш не очекувал дека ќе го повика.
Се работи за германскиот тим Буна кој отворено ја повика легендата во својот тим.
“Сакаме да ти понудиме место во нашиот тим SG Buna. Овде ќе бидеш потполно мирен, ќе ти ги обезбедиме најдобрите услови, а секако ќе се најде место и за твојата сопруга Ана Ивановиќ и тоа во локалниот тениски клуб“ велат од тимот.
Од таму додаваат дека имаат посебна понуда за него. После натпревари и тренинзите батериите можеш да ги наполниш со 20 различни врсти на пиво. Набрзо ќе го засакаш градот, а тука има и фабрика за чоколади. На крајот, можеме да го крстиме стадионот по тебе. Чекаме да се јавиш“, стои во пораката на овој клуб.