Македонија после големата борба не успеа да ја совлада големата Шпанија, која на крај излезе како победник. Оваа победа шпанците ја посветија на Ема, 15 годишно девојче кое почина минатата недела во сообраќајна незгода со моторцикл.
Како што пренесоа шпанските медиуми, Ема била во ракометниот камп на Виктор Томас, па шпанецот преку социјалните мрежи со оваа фотографија истакна подршка до нејзиното семејство:
„Ема победата е за тебе, секогаш ќе бидеш дел од нас“.