28.8 C
Skopje
Tuesday, September 16, 2025

Бугарскиот амбасадор во Македонија ќе ги претстави приоритетите на претседателството со ЕУ

Пред членови на дипломатско-конзуларните претставништва, меѓународни организации и пратеници, утре во Собранието на РМ, амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков ќе ги претстави програмата и приоритетите на претседателството со Бугарија со Советот на ЕУ.

На седницата, како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата, Никола Димитров и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самјуел Жбогар.

Бугарија на 1. јануари го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија за наредните шест месеци. Програмата на претседателството на Бугарија вклучува околу 1500 состаноци и состаноци на највисоко ниво во Брисел и Стразбур. Македонија очекува почеток на преговорите со ЕУ.

поврзани објави

         

Последни објави