13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Крос ги шокираше навивачите: Дали знаете за што се бориме?

Реал Мадрид синоќа беше поразен од Виљареал од 1:0 и веќе сега е на минус 16 од водечката Барселона.

Лошата форма на Реал го донесе во таа ситуација да повеќе се зборува за борба за пласман во Лига на шампиони, него за титула. Звучи неверојатно, но колку е алармантна ситуацијата покажа и самиот Тони Крос.

Германецот рече дека неговиот тим сега се бори за првите четири места.

“Мораме да се фокусираме на квалификациите од Лига на шампиони наредната сезона. Мораме да размислуваме за моменталната позиција. Мислам дека целта е во остатокот на сезоната да завршиме меѓу првите четири. Разлика меѓу нас и Барселона е сега видлива и огромна“, рече Крос и додаде:

“По мое мислење, треба да размислуваме за натпреварите кои нас не очекуваат. Мораме да почнеме да собираме бодови како би завршиле на позициите кои водат во Лига на шампиони“, заклучи германецот.

поврзани објави

Последни објави