Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Македонската првославна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите првославни верници по повод големиот христијански празни Богојавление – Водици.
„Претстојниот празник и годинава ќе нè потсети на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, да го прославиме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме нашата вера. Токму на Богојавление – Водици да ги зацврстиме основите на нашето верување и да продолжиме со почитување и со залагање за христијанските начела за мир, заедништво и слога. На денот кога ги осветуваме нашите води, најискрено посакувам во нашите срца да се вселат хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието. Во духот на овој голем празник да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија“, стои во честитката од Иванов.
Инаку, Иванов денес ќе биде во Велес и ќе присуствува на богослужба во црквата „Успасение Пресвета Богородица“, а веднаш потоа ќе биде дел и од веремонијата на положување на светиот крст.