23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Забрани за тешки товарни возила на повеќе места, Скопје-Македонски Брод целосно непрооден

Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е целосно непрооден, соопштија утринава од Авто-Мото Сојузот на Македонија.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планиските премини Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар, како и на Маврово и патниот правец Валандово-Дојран. Oд 08:00 часот магистралниот пат Скопје – ГП Долно Блаце е затворен за сообраќај за тешки товарни возила.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

поврзани објави

Последни објави