Во својата 90. година од животот почина професорот д-р Димитар Стамболиев, еден од луѓето кои имаат огромно значење во развојот на машинската и електро-техничката индустрија во нашата земја.
Стамболиев беше еден од основачите Машинскиот, Електро и на Технолошко-металуршкиот факултет во склоп на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Погребот ќе се одржи во четврток на градските гробишта во Бутел во 13:30 часот. Следната недела Машински факултет од УКИМ ќе одржи комеморативна седница.