Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов беше почестен што доби покана да биде учесник на форумот насловен како „Спортот како економска стимулација“. Мукаетов го објасни статусот на ракометот во нашата земја и третманот кој го добива во обидот да ја афирмира Македонија надвор од нашите граници.
Ние сме мала земја од два милиони жители и немаме многу спортски успеси. Би ги издвоил четвртото место на кошаркарите и петтото на ракометарите на Европските првенства. Но, минатата сезона станавме клупски европски прваци преку РК Вардар и европски вицешампиони преку ЖРК Вардар. Така, сега овој наш бренд има свои приврзаници во Мексико, во Аргентина, насекаде низ светот. Наша цел е сите да играат ракомет, па младите категории во Македонија можат да се натпреваруваат бесплатно. Мислам дека преку ракометот може многу полесно да се афирмира нашата земја, а сега заедно со нашите пријатели од Словенија и Црна Гора и заедно да настапуваме во обид да добиеме организација на големите спортски приредби. Исто така, преку примери од ракометот во Македонија може да се види како различни сегменти во бизнисот можат да соработуваат заедно, како телеком индустријата и спортските амбасадори“, рече на форумот Мукаетов.
Повеќе за ова на: gol.mk