Германец на возраст од 84 години, е обвинет дека со пиштол присилил 77-годишна старица на секс, во градот Емден во северна Германија.
Во полициски претрес во неговиот дом во селото Крумхоерн биле пронајдени неколку парчиња оружје и муниција. Властите се сомневаат дека од ноември лани старецот извршил неколку напади врз жени.
Полицијата на осомничениот му ја одзела дозволата за поседување оружје.