14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието за обраќањето на Столтенберг

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во четврток ќе се појават во Собранието на РМ да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Ќе присуствуваме на обраќањето на Столтенберг, но за понатамошно учество во работата на Собранието ќе се разговара дополнително, вели за А1он Иво Котески.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 9 јануари по координативниот состанок со високи партиски функционери одлучи да не учествува во работата на Собранието.

Оваа одлука на партијата ја образложи новиот претседател, Христијан Мицкоски при што кажа дека во Собранието нема основни демократски услови за работа бидејќи 12 отсто од пратеничката група на ДПМНЕ се наоѓа во притвор и се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам.

поврзани објави

Последни објави