Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста кога се во прашање неговите „џентлменски манири“.
Досега медиумите неколку пати известуваа за неговото однесување кон сопругата Меланија, ставајќи ја во втор план, а сега повторно покажа дека секогаш се става на прво место.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од качувањето на Трамп со семејството во авионот во Вест Палм Бич на Флорида. На нив се гледа како претседателот држи чадор за себе, занемарувајќи го неговиот син, кој го следеше.
Корисниците на социјалните мрежи не пропуштија да забележат на ова однесување на Трамп.