13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Москва имала само 6 минути сончева светлина во декември

Последниот месец од 2017. година бил еден од најмрачните месеци во историјата на Москва. Градот имал само помеѓу 6 и 7 минути сончева светлина, соопштија руските метеоролози.

– Според опсерваторијата на Московскиот државен универзитет, Москва имала само 6 или 7 минути директна сончева светлина во декември, рекол директорот на Руската метеоролошка служба, Роман Вилфанд.

Руската новинска агенција „Тас“ навела дека до средината на јануари Сонцето повторно почнало да сјае над Москва подолго отколку во ноември и декември.

Претходно најмалку директна сончева светлина во декември имало во 2000 година, кога имало само три светли часа.

Познато е дека руските зими се многу студени, а температурата оваа недела во некои области се спуштила минус 60 степени Целзиусови.

поврзани објави

Последни објави