4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Курц: ЕУ мора повеќе да штеди и да биде поефикасна

Европската унија мора да штеди повеќе и да биде поефикасна, оцени австрискиот канцелар Себастијан Курц, изразувајќи скептичност кон предлозите за воведување на заеднички буџет во Еврозоната, за што ќе разговара со неговите домаќини при денешната посета на Германија.

Курц, во интервју за „Франкфуртер Алгеммајне цајтунг“, посочи дека е скептичен кога станува збор за буџет на Еврозоната, со што ја најави неговата позиција што е спротивна на онаа што ја застапуваат големите партии во Германија.

– Во преговорите за повеќегодишната финансиска рамка по Брегзит не треба да дојде до еднострано поголемо оптоварување за нето плаќачите како што е Австрија. Наместо тоа Унијата треба повеќе да штеди и да биде поефикасна, констатираше Курц.

поврзани објави

Последни објави