4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Колку ќе п(л)ати Македонија – можеше ли поинаку?

Пишува: Коко Колар

 

За сите оние кои незнаат, доцна сфатиле што и која е идејата и големината на ВМРО, каква е идеологијата и целта, сакам некој збор да напишам…
Повеќето “патриоти“ посебно најгласните, сигурно имаат стаж во партијата после 2005-6та, а дотогаш или не плукале, или нас симпатизерите не нарекувале со најпогрдни зборови, или пак, доколку биле деца, родителите (стара комунистичка гарда) Ве чувале по дома и Ве учеле како да мразите и етикетирате се што не е како Вас или не се поклопува со вашите “елита“ стандарди.
Па така, бугарски летоци, копита, немиени, уличари, пијаници, ненинтелигентни говеда, …што не се изнаслушавме додека кротко ги лепевме плакатите под будните очи не некого… Да, но ВМРО конечно победи, и точно, почна да се чувствува слободата, неоптеретената мисла, државата стана дури ЛИДЕР од сите источноевропски земји по реформи, пред Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска (официјални Европски извештаи)… прва потпиша пристапни преговори за влез во ЕУ и НАТО, асоцијации и.т.н. Дури имаше и ЗА ПРВ ПАТ суфицит бо Буџетот, по што ЛИДЕРОТ рече дека “злогласните“ ММФ и Светска Банка нема да ни требаат. На цела работа се справавме со сите кризи ( Косово, бегалци, …) но успехот некому не му се допадна, и старата комунистичка тајфа по редот на нештата, почна да ровари, снима (големо уво, ЦД-то на Црвенковски) по што се случи и кризата. Најголем поддржувач кризата да се реши ВОЕНО (како што и Ген. Сек. на НАТО Робертсон рече, со терористи се знае како треба) беше Георгиевски и министерот за Внатрешни работи БОШКОВСКИ (почитувајќи ги уставот и заклетвата), за што платија цех, едниот во ХАГ, другиот на црна листа на САД и дел од ЕУ…. Од сигурен извор, ЗНАМ дека и по кризата, а пред изборите, на Георгиевски му било понудено да состави Влада со Дуиџиите, но одговорот на Љбчо бил отприлика, НЕ, тоа е мојата црвена линија, по што следеше неговото историско “спремајте се за опозиција“ и јасно поразот 2002 и повлекување од челото на партијата поради тоа што стана неомилен во ЕУ. На тоа, нашите Латасовци и главни “подоцнежни вмровци“ го убија од црна пропаганда.

Неговиот чекор и ЖРТВА некои дпмнеовци НЕ ЈА СФАТИЈА а по се изгледа и денес не сфаќаат. Така, по не баш демократското владение, на сличен начин, но сега со многу повеќе докази, реални пропусти, траорни случувања, апсења и аздисаност, се повтори сликата и доколку Никола го послушаше Лидерот и се повлечеше пред 3 години, после првите “бомби“, ВМРО повторно чисто, без багаж и обединето ќе победеше на наредните избори. Но малиот Наполеон одбра ДА ГО УНИШТИ И РАЗЕДИНИ ДПМНЕ ДО КОСКА, а резултатот само заслепените не го гледаат, а ќе имаат шанса (но сега без поправен) да го видат после 22.12.2017.
Се обидов накратко, хронолошки, да направам компарација со лидерството на Георгиевски и да Ви доловам, да направам генеза какви се грешки (од знаење или незнаење) прави(ше) моменталното раковдство на ВМРО ДПМНЕ и до какво дно ја доведе партијата.. Епилогот (антиципирам ќе биде многу болен и уништувачки) ќе го дознаеме скоро, доколку членството не донесе храбра одлука. Незнам зошто , но не верувам дека ќе има таква сила, премногу гнилеж, пустош, пизма и омраза е посеана…

Среќен роденден Претседателе Георгиевски!

поврзани објави

Последни објави