Четири годишната Блерина се обидува да ја смири нејзината мајка. Иако е многу мала, таа ја чувствува болката на мајка си.
Накшие Рамадани е разведена од нејзиниот маж, веќе пет години живее сама со нејзината мала ќерка Блерина. Лошите економски услови се причините поради кои ова семејство ризикува да остане на улица.
За да заштедат електрична енергија, не ги пуштаат грејните тела, се покриваат со ќебиња, бидејќи немаат пари за да ги платат сметките за струја.
Станот во кој се сместени веќе три месеци, го најмиле под кирија, досега киријата за станот им ја платиле луѓе кои сакале да им помогнат. Но, за последниот месец тие се уште не ја платиле киријата и велат дека не знаат што ќе се случи бидејќи тие немаат пари.
„Месеците се многу чести, брзо доаѓа дента кога треба да се плати киријата, но јас немам пари за да платам. Порано кога бев подобро со здравјето по малце ми помагаа луѓето, нешто си работев и јас заработував и подобро беше. Оваа година сум многу полошо со здравјето, почнав и да не гледам, од шеќерот и маките, исто така имам и холестерол и не можам ниту да работам ништо“, вели Хакшие.
Ова е петти станбен простор на ова семејство, Рахмани вели дека неколку пати таа со нејзината ќерка спиеле по паркови, бидејќи немале каде друго место.
„Киријата ја платив до крајот на овој месец, потоа не знам што ќе се случи, ќе останам на улица. Само што ми се роди ќерката, имаше само 2 и пол месеци и тогаш останав на улица бидејќи немав пари за да ја платам киријата. Две ноќи по ред спиев во паркот во Чаир, бидејќи немав друг избор. Заедно со мојата ќерка спиевме во паркот, ќерката спиеше во количка додека јас спиев на клупа, две ноќи така спиевме“, додава Рахмани.
Фрижидерот е полн со лекови, бидејќи здравјето на Накшие се влошува секој ден. Таа додава дека имало случаи кога мајка и ќерка заедно преспивале со празен стомак бидејќи немале што да јадат.
https://www.youtube.com/watch?v=P3pK687OMTQ
„Еве ја мојата соба, сакам да ја бојадисам со сина боја исто како небото и сакам да биде со авиони“, додава малата Блерина.
Киријата која семејството треба да ја плати е 100 евра, додека тие немаат никакви месечни примања и затоа ризикуваат да останат на улица.
Мајката Накшие заедно со малата Блерина се молат за помош.
„Ги замолувам сите хумани луѓе каде и да се да ни помогнат. Да ми помогнат да не останам на улица, бидејќи многу е тешко да се живее на улица, јас тоа сум го преживеала еднаш и знам како е, ги замолувам да ми помогнат да не останам повторно на улица со мојата ќерка“, раскажува Рахмани.
Извор: ТВ 21