-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски и Заев со честитки по повод празникот Богојавление – Водици

Претседателите на најголемите македонски политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев, денес во нивно лично име упатија честитки по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Ви ги пренесуваме целите честитки интегрално.

Честитка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Славејќи го крштевањето на нашиот Спасител, Исус Христос, денес сите ние го славиме Богојавление – симболот на духовното раѓање, на спасението, прочистување, просветлување и почетокот на нашето живеење во верата.

Празнувајќи го Богојавление да се помолиме на Бога да ги освети нашите води и да ги просветли нашите души и нашите семејства, дарувајќи ни здравје, среќа,  бериќет, повеќе радост. Онака како што денес свечено, со литија, молитви и силна верба во Бога тргнуваме кон местата на водосветот, со истата верба да продолжиме да чекориме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина. Со Божја помош и Божји благослов, да создаваме нови дела за Македонија и нашите идни поколенија. Нека Бог ни помогне во сите искушенија и предизвици да истраеме, нека дарува мудрост и сила да го зацврстиме единството, да се почитуваме, да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Честитка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 

„Овој голем ден на духовното раѓање е нова шанса за спокоен и благословен живот. Определбата кон доброто, кон вистината и правдата, кон солидарноста, кон слогата и заедништвото, го отвори нашиот пат. Потребна е повторно цврстата волја на духот, преку мудрост и искрена верба во избраните животни вредности, за да го создадеме животот што го избравме. Денешниот ден на духовното раѓање носи нова животна сила на секој од нас, за потребната обнова и на нашето општетсво во кое среќно ќе живееме сите.

Пожелувам празникот да го поминете меѓу саканите, во семејството, во добро здравје, исполнети со љубов и меѓусебно разбирање.

Среќен празник Богојавление – Водици“.

поврзани објави

Последни објави