fbpx
20.8 C
Skopje

Уште еден Шумахер на пат кон Формула 1

АКТУЕЛНО

Пред десет и нешто повеќе години на трките во шампионатото на Формула 1 битки водеа браќата Михаел и Ралф Шумахер, а во блиска иднина би можеле на патеките да ги гледаме нивните синови.

Синот на Михаел, Мик (18) се натпреварува во европската Формула 3, а на патот кон елитата се наоѓа и синот на Ралф, 16-годишниот Давид кој ќе дебитира во Формула 4 на трката во Абу Даби.

„Секако дека сакам да стигнам до трките во Формула 1. Се надевам дека со добар тим можам да стигнам далеку. Фактот дека ќе дебитирам на патека на која е вози Формула 1 (Јас Марина) го прави дербито уште подобро“, рекол Давид.

Во меѓувреме и натаму многу малку се знае за состојбата во која се наоѓа неговиот чичко Михаел, кој пред четири години доживеа тешка несреќа на скијање во швајцарските Алпи. По повеќемесечно лекување тој е префрлен на домашна нега во семејниот дом во Швајцарија.

„Ми недостига Михаел. Но тој е тука се бори. Борбата продолжува. Михаел е посебна личност за мотоспортот, посебна личност за мене. Тој ми е пријател“, рекол неодамна поранешниот шеф на Шумахер во Ферари Жан Тод.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -