18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Мицкоски: Ги охрабруваме двете влади да најдат пристојно решение за името

Со поставувањето на новата влада од пред осум месеци ние немаме никакви информации за процесот со името, за можните решенија, но истовремено ги охрабруваме конечно да најдат достоинствено и соодветно решение кое ќе биде адекватно за националниот интерес на двете земји, а потоа Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, што е наша цел.

Ова го истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за грчката телевизија Антена, во прилог емитуван во вчерашните вести.

„Има позитивна атмосфера во двете земји. Како што реков, не знам која е причината за оваа атмосфера, верувам дека има причина за оваа атмосфера, можеби треба да ги прашате премиерите на Македонија и Грција за да ви дадат одговор на ова прашање. Можам да ја почувствувам таа атмосфера во општеството, има позитивна атмосфера“,вели Мицкоски во одговор на прашањето дали сега е вистинското време Македонија и Грција да го решат деценискиот спор.

Лидерот на опозицијата додава дека од нивна страна ги охрабруваат двете влади да продолжат со разговорите и да изнајдат решение кое ќе биде пристојно за двете земји.

Запрашан дали како партија имаат свој предлог за решение на името, Мицкоски вели дека тие го очекуваат предлогот, бидејќи не сакаат да се мешаат во процесот, затоа што тоа би влијаело на самиот процес.

„Сметаме дека нашиот предлог или нашата позиција може да го загрози самиот процес. Затоа ги охрабруваме да најдат решение“, вели Мицкоски.

За можните предлози за решение кои излегоа во медиумите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа се шпекулации кои не сака да ги коментира.

Разговорот на новинарот од грчка Антена со Христијан Мицкоски може да го проследите на следниот

поврзани објави

Последни објави