13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Породување на 11.000 метри над земјата: Се наместил да го преспие летот, но болките почнале

Докторот Сидж Хемал влегол изморен во летот за Њујорк со надеж дека удобно ќе се смести во седиштето и ќе спие. Дури не ја ни забележал бремената жена неколку седишта зад неговото.

Авионот само што ја постигнал висината кога се слушнал гласот на стјуардесата како бара лекар. На бремената Тојин Огундипе (41) и започнале породилните болки.

-Се жалеше на болки во грбот. Прво помислив дека е камен во бубрегот, но кога ми кажа дека е бремена, сфатив дека и почнале породилните болки. Набрзо зачестија на две минути и знамев дека ќе се породи во авионот, вели доктор Хемал за Си-Ен-Ен.

Тој истакнува дека породувањето го водел Бог бидејќи толку многу работи можеле лошо да тргнат, но се се завршило во најдобар ред.

Доктор Хемал е уролог, но ова му било осмо породување.

До аеродромот во Њујорк имавле уште четири долги часа лет. Итно слетување не доаѓало во предвид бидејќи авионот морал да сврти и уште два часа да лета до американска база. Затоа бремената жена ја пренеле во прва класа, каде имало помалку патници.

Породување во авион

-Бев опуштена бидејќи знаев дека сум во добри раце. Направија се исто како да бев во болница со лекар и бабица, истакна мајката која родила здраво момче на кое му го дале името Џејк.

По слетувањето на авионот, мајката и бебето веднаш биле пренесени во болница.

Ова се случило на 17 декември минатата година, но веста е објавена пред неколку дена.

поврзани објави

Последни објави