13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ: НЕЈМАР 100 ПОСТО ЌЕ ИГРА ВО РЕАЛ!

Така пресуди францускиот експерт за фудбал Julien Laurens. Бразилецот Нејмар стана најскап играч на светот, кога ПСЖ ова лето и плати на Барса најголема цифра, под покровителство на Катар.

Сепак, се чини дека тоа престојот на Нејмар во Франција, ќе трае кратко.

Лауренс во неодамнешната епизода на емисијата на Би-би-си за европските лиги изјави дека е уверен дека Реал Мадрид ќе биде следната дестинација на Бразилецот.

“Мислам дека Нејмар нема да замине ова лето. Мислам дека ќе замине следното лето. За мене нема сомневање. 100 посто ќе игра за кралевите“, рече Лауренс и додаде:

“Во еден момент тој и Мбаппе ќе играат за Реал Мадрид. Мислам дека ќе дојде момент во кој Нејмар ќе помисли дека доволно голем клуб за него е Реал Мадрид, а гарантирам дека и Мбаппе еден ден ќе игра за Реал.

Бразилецот оваа сезона постигна 24 голови во 28 настапи, но пропушти неколку последни натпревари поради повреди.

поврзани објави

Последни објави