9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Голем гест на средношколец од Берово. Парите оставени за чесниот крст ги донираше за децата без родители

Средношколецот Владимир Методиев од Берово кој при чинот на осветување на водите на реката Брегалница во Берово  го фати светиот крст од студената вода, денеска одржа лекција по хуманост. Тој од средствата што ги добил за крстот, купи смарт телевизор и соковник и ги донираше на децата згрижени во малиот детски групен дом во Берово.

  • Јас самиот се одлучив на оваа донација, дојдов во домот и видов дека децата немаат телевизор, кажа Владимир Методиев.

За овој  17-годишник,кој е и одличен ученик во беровската гимназија „Ацо Русковски“, чинот на фаќањето на крстот носи хумана порака, а не материјална корист за среќниот фаќач на крстот.

  • Тоа е посебно чувство што ја исполнува душата и тоа не се надомесува со материјални средства. Најдобро е парите кои ќе се добијат од чесниот крст да се донираат бидејќи сите се фрлаат за здравје, а не да добијат некои материјални средства и да ги потрошат на самите себе, смета Методиев.

Владимир ги донесе подароците додека 7-те деца згрижени во домот беа на училиште. Несомнено е дека нивната радост кога ќе се вратат во домот ќе биде неизмерна.

Малиот групен дом претставува вон институционална форма на згрижување на деца без родители или родителска грижа, е е резултат на процесот на деинституцијализација кој во Република Македонија е отпочнат во 2000 година и ги следи и имплементира европските стандарди за квалитетна грижа за деца надвор од нивните биолошки семејства. Малиот групен дом во Берово е прв од таков вид во државата и претставува пилот проект, а официјално со работа е отпчнат во 2009 год.

Извор: Тв Стар

поврзани објави

Последни објави