fbpx
24.8 C
Skopje

Игри кои може да ги играте во казината

АКТУЕЛНО

Казинaта се места каде се одвиваат разни активности како игри на среќа. Казиното е место каде може да го изгубите целиот влог, но ито така е и место каде може да оставарите и неверојатни добивки. Но тоа е случај кај секоја игра на среќа, не постои таква што ви дава 100% добивка. Сите што играат во казино тежнеат да освојат што поголема добивка, но на тој начин казиното прави профит. Многу од играчите воопшто не знаат што играат и како, и губат многу пари. Со добра информираност се стигнува до големи добивки, затоа вложете време во собирање информации.

Кои се игри може да се најдат во казината

Изборот на игри останува на вас, а понудата ја прават казината. Опсегот на игри е различен, и се разликува од казино до казино. Но има стандардни игри, а воедно тие се и најпопуларни. Такви игри се:

Покер

Покер е игра со карти која има слични правила за обложување и одредени комбинации кои се распоредени во по „важност“. Покер игрите се разликуваат според тоа, како се делат картите, можноста за формирање покер комбинации, дали појаките или послабите карти победуваат кога има тесна борба за победа (во некои игри добивката се дели), ограничувањата на големината на облогот, и колку рунди на обложување се дозволени. Покерот е доста популарен начин за коцкање и секако ви треба знаење за успешна игра.

Рулет

Рулет е одлична игра која ви нуди многу различни игри и комбинации на исплата. Во рулетот има 37 можни полиња. Треба да го погодете бројот каде што ќе застане топчето, но може и да се обложувате на боја, пониско или повисоко, сето тоа во зависно од ситуацијата. Битно е да знаете дека рулетот се состои од круг во кој се врти топче. Постојат два вида на рулет и тоа :

  • Американски рулет
  • Француски рулет или уште познат и како Европски

Бакарат

Бакарат (Baccarat) е игра каде најблиската рака до бројот 9 е победник. Асовите се сметаат како 1 (еден), картите од 2 до 9 имаат вредност како обележаната вредност на картата, додека десетките и картите со слика (џандар, дама, крал) имаат вредност нула. Ако вашиот збир е над 10 тогаш од истиот се одзема 10 и остатокот е вредноста на вашата рака во тоа делење. Пример, 6 + 9 = 15 – 10 = 5, значи 5 е вашиот збир. Бакарат е игра која ја има во многу акциони филмови, и порано пред појавата на онлајн казината беше highroller игра. Односно беше наменета за „големите риби“, кои играат со многу пари.

Блекџек

Блекџек или познат и под името ајнц е најпопуларна казино игра која се игра на маса против казиното.  Блекџек е ретка  казино игра во која играчите може да се здобијат со предност над казиното во некои делови од играта. Овде играте против дилер кој го застапува казиното.

Игри на слот машини

Играњето на игрите на слот машини е многу едноставно, поготово во денешно време. Тие се достапни и нудат многу можности за онлајн коцкање т.е играње во некое од онлајн казината. Исто така самостојно ја одредувате количината на парични средства кои ќе ги вложите во едно вртење. Ова е скоро се што треба да направите за да играте класични игри за апарати. Последна работа е да ги научите симболите кои ви носат добивка (броеви, овошје и слично).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -