fbpx
24.8 C
Skopje

Онаа која ми ги пере гаќите е моја девојка, таа која само ги соблекува е попатна авантура

АКТУЕЛНО

Можеби е неверојатно сексапилна, можеби е фрапантно паметна, но го нема она нешто, па мажот не ја доживува како материјал за врска, туку за попатна авантура.

А, што е тоа „она нешто” отворено одговориле неколку мажи за „Thought catalog”:

„Девојката која е само за авантура не се грижи за вас. Или е фокусирана на себе или сака само секс. Девојката која е совршена за врска е некој кој ве сака, кој прави работи за вас бидејќи сака да ве усреќи”.

„Девојка е некоја со која сакате заедно да правите работи. Сакате секаде да ја водите со себе бидејќи што и да правите, ќе биде подобро ако таа е со вас. За девојката која ви е само авантура, не сре грижите – може да биде тука, но и не мора.”

„Понекогаш не е до девојката, туку до тајмингот. Кога имав 23 и 24 години никако не сакав врска. Единствено сакав да се забавувам. Колку и да беше супер девојката, во таа фаза од животот не сакав да бидам со некој”.

„Девојката која ги пере моите гаќи е моја девојка. Онаа која само ги соблекува е попатна авантура”.

„Девојките со кои само се забавувам се оние за кои гледам дека се менуваат само за да бидат нешто што мислат дека јас го сакам, а девојката со која сум во врска е автентична и верна на себе си без оглед на се”.

„Во авантура се впуштам со девојки за кои мислам дека никогаш не би сакале да бидат со мене. Оние кои изгледаат толку добро, што чувствувате дека се предобри. Девојката со која сум во врска е повеќе некој од мој ранг.”

„Тоа е сосема лесно – авантура е жената која не можам да ја поднесам повеќе од неколку часа одеднаш. Девојка е некој без кој не можам да издржам подолго од една ноќ.”

„Обично, ако имаме секс кога ќе се запознаеме – тоа е авантура. Освен ако не е како Џенифер Лопез, тогаш ќе се обидам да излезам со неа, ако сака.”

„Излегувам со девојки кои имаат свои недостатоци, свои чудни навики. Кај авантурите воопшто не стигнувам да ги откријам нивните навики”.

„Моја девојка е некој кој успева да ме насмее, кој ми ја враќа насмевката на лицето и во деновите кои ми се ужасни. Девојката за авантура не мора да се труди да ме насмее. Таа само треба да ме ‘запали’”.

„Девојка е жената која воедно ви е и пријател. Секако дека имате секс, но уживате во заедничкото време. Со девојката за авантура не уживате во дружењето. Уживате само во сексот”.

„Со девојката можете да имате смислен разговор за работи кои ви се важни. Со девојката за една ноќ евентуално разговарате за времето. Разговорите со неа се како вести во дневникот кои не ве интересираат”.

„Девојка е некој во кој сте заљубени. Кога ќе почнете да се забавувате ќе бидете нервозни и возбудени што ја гледате и таквото чувство ќе трае со месеци. Авантура е некој кој не ве прави нервозен, само го гледате.”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -