2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Каракамишева: Одлуката на СЈО за предметот на Заев е скандалозна

Универзитетската професорка Тања Каракамишева со реакција за одлуката на Специјалното јавно обвинителство да го повлече обвинението за предметот „Пуч“ во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Таа вели дека јавноста ќе дознае за тоа што точно се случило во Република Македонија и кој е виновен во целата политичка криза во која во заложништво се држи цела Република Македонија и целиот македонски народ.

„Тоа што СЈО го направи вчера е жив правен резил и капиталец скандал од невиден вид. Да се повлечеш од предметот, во овој период од постапката, е невиден скандал кој мора да биде образложен, не со соопштение како што направија, туку со конкретно образложение, врз основа на кои факти дошле до ваквиот допис што го доставиле до кривичниот суд“, изјави професорката.

Таа додаде дека дека  по сите уверливи докази и факти што беа доставени, тешко е СЈО да образложи како дошле до ваква одлука.

„Со оглед на фактот што СЈО инсистираше овој предмет да го преземе од Јавното обвинителство за организиран криминал, со цел да се види правната вистина и да се утврди кривична одговорност на оној кој вистински е инволвиран во случајот, а знаеме од самиот предмет дека се работи за една организирана група што ја раководел Зоран Верушевски, а вмешани се и вработени во УБК, има скајп комуникација и информации што доаѓаат врз основа на признавање на еден од обвинетите, се работи за огромен број на докази, тешко е СЈО да образложи како процениле дека е добро да се повлече ова обвинителство и да се затвори предметот. Сега испраќаат допис до кривичниот суд и велат дека сакаат да го затворат случајот поради недостиг од докази и притоа додаваат дека доказите од Таргет и Тврдина биле контрадикторни со оние на случајот Пуч“, појасни Каракамишева.

поврзани објави

Последни објави