20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Преку коефициенти до успешно кладење

Коефициентите за различните резултати од еден облог можат да бидат претставени со Европски формат (децимални коефициенти), формат од Обединетото Кралство (фракциони коефициенти), или Американски формат (манилајн коефициенти). Европскиот формат на коефициенти е користен во Европа, Канада и Австралија. Тие преставуваат пропорција од целосната исплата на облогот претставени во децимален формат. Децималниот коефициент 2.00 претставува рамен облог.

Како преку коефициенти, до успешено кладење

Разбирањето на коефициентите може да биде клучно за успех во кладењето. Децималните коефициенти сигурно се најпопуларен облик на коефициенти за кладење.

Но секогаш треба да го изберете онај кој за вас има најмногу смисла. Затоа што за кладилниците коефициентите ги составуваат аналитичари, и секако можно е аналитичарот да има субјективен удел.

Не заборавајте дека коефициентите претставуваат шанса за некој исход. Па кога добро ќе ги разбирате, вие може да направите голем профит.

Кога еднаш ќе го сфатите концептот, нема да имате проблем во кладењето.

коефициенти

Веројатноста и коефициентите

Како што видовме, коефициентите изразуваат веројатност или шанса за некој исход. Она што е од голема помош е ако се разбираат.

Коефициентите во проценти се изразуваат многу лесно. Пример 100% го делиме со 2.5 и тоа ни кажува дека шансите се 40%. Ова може да ви биде од голема помош во кладењето.

Секако во конструирањето на коефициентот има голем удел аналитичарот на обложувалницата. Треба да имаме во предвид дека аналитичарот може да направи грешка, да не ги земе сите параметри во обзир и да има нереален коефициент.

Параметри кои влијаат во одредувањето на коефициенти :

Распоредот на натпревари

Дали некој тим е уморен игра важна улога во тоа кој ќе биде победникот. Различни спортови се играат со различен распоред и зачестеност на натпревари. Некои се играат многу почесто дури по неколку натпревари во една недела а некои многу поретко. Тоа може да влијае директно врз коефициентите.

Домашен или гостински терен

Внимавајте и на ова, тимовите кога играат на домашен терен имаат поголема шанса за победа. Секако логично е фаворитот да победи но имајте во предвид и тоа каде се игра натпреварот затоа што има разлика од натпревари на гостински и домашен терен.

Движење на коефициентите

Многу важно е да ги следите коефициентите, некогаш обложувалниците може да си поиграат со вас. Доколку ги пратите редовно обложувалниците вие ќе бидете свесни за реалноста на коефициентот на кој планирате да играте.

Не играјте на тимот за кој навивате

Во ред е да сте обожавател на некој тим, но имајте реална претстава за тоа дали има шанса за победа. Сепак во кладењето треба да ги гледате реално работите, бидејќи вие играте за добивка. Кладењето на вашиот омилен тим не е секогаш добар начин на кладење.

поврзани објави

Последни објави