До сега сте прочитале општи совети за обложување, но ние се потрудивме за вас да ви претставиме и неколку напредни совети. Проследете ги!
Сакате да профитирате од обложувалница? Ако ги прочитате овие совети, веруваме дека ќе ви бидат од голам корист.
Што е вредност (value)?
За да бидете сигурни дека влогот е вреден или не, направете го следното:
Направете проценка на победата
Направете најдобра децимална заработка за влогот
Помножете го влогот со тој коефициент.
Секој резултат поголем од 1 значи дека имате вредност!
Пример:
Вашето мислење е дека одредена екипа која игра на домашен терен има 50% шанси за победа, па понудениот коефициент треба да биде поголем од 2.
50%=0.50*2=1.00, а секоја вредност помала од 1.00 значи дека на крајот ќе бидете во загуба.
Секогаш пробајте да ја пресметате вашата шанса за победа
Секако дека коефициентите се понудени од букмејкерот, но не вложувајте додека не ја прегледате статистиката и не бидете сигурни дека само со помош на статистиката можете да го одредете победникот, односно шансата за победа.
Форма на домашен и гостински терен
Во повеќе случаи, екипата која игра на домашен терен има повеќе од пола победа, мал дел завршува нерешен резултат, а остнатото е пораз односно гостинска победа. Ова се случува скоро во сите топ лиги во светот. Домаќините секогаш ја имаат предноста.
Методата се состои во преглед на избраните екипи за нивните неколку претходни дуели кои таа екипа ги изиграла во сезоната, а по можност и од минатата сезона, а со тоа на полесен начин ќе ја одредите шансата за конечен исход.
Ќе наведеме еден хипотетички примиер од Премиер Лигата
Арсенал е победник во лигата изминатата сезона, освоил 73% од утакмиците на домашен терен, а последно пласираниот Саутемптон изгубил 68% утакмици во гости.
Ако ја споредиме формата на домашен терен и гостинската форма може да добиеме водич за игра.
Форма на домаќинот 7-2-1, форма на гостинот 1-3-6
Домаќин = 7 + 6 = 13 од 20 натпревари = 65%
Нерешено = 2 + 3 = 5 од 20 натпревари = 25 %
Гостин = 1+1 = 2 од 20 натпревари = 10%
Правилните коефициенти за овој натпревар би биле:
1,53 – 4 – 10