6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

ФЕНОМЕНАЛЕН ПОТЕГ НА ПЕРЕЗ: Смисли анти-шеик клаузула за секој млад играч на клубот

Вториот најдобар стрелец и играч на последното У17 Светско првенство, Серхио Гомез не одамна ја напушти Барселона и за три милиони евра премина во Дортмунд. Ова беше последното во низата, заминувања на млади играчи од Барселона, кое веќе стана традиција.

Се почна со Пике, кој се врати во Јунајтед, а тука можеме да ги наброиме Цеск Фабрегас, Мауро Икарди.

За разлика од Барса, Реал нема такви проблеми. Шпанска “Марка“ дознава како Перез направил еден сјајен потег за време на неговиот мандат и на тој начин спречил истото што го има во Барса, да се случува во Реал.

Секој играч кој ќе наполни 16 години по правило добива таканаречен анти шеик оштетна клаузула вредна 30 милиони евра како во старт би се заштитиле од купувањето на силните млади играчи од страна на моќните финансиски клубови како Манчестер или ПСЖ.

Исто така, ако се забележи дека било кој од младите играчи бележи напредок во својата кариера, тогаш по автоматизам тој потпишува нов договор со оштетна клаузула вредна над 50 милиони евра.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -