20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Нано Ружин: Историска шанса да се стави точка на спорот

Уште пред средбата во Давос беше создадена поволна атмосфера меѓу двете страни, што особено дојде до израз за време на состанокот и потоа. Воспоставено е чувство на доверба меѓу премиерите Заев и Ципрас. Од она што го знам, Ципрас изразил жалење за пропуштените шанси во изминатите години, се согласил дека тоа треба да се надомести сега и покажал флексибилен став до конечното решение“, вели универзитетскиот професор и амбасадор Нано Ружин.

Тој смета дека во однос на националистичките тенденции во двете држави треба да се бара решение што нема да им нанесе поголеми штети на лидерствата на двете земји, иако негов впечаток е дека тие се подготвени да одат на решение, независно какви ќе бидат политичките консеквенции по нивниот рејтинг.

„Без разлика на разните техники и предлози што се споменуваат, јазикот останува како што го викаме, нема навлегување во идентитетски прашања и, што е најважно формулата што се користеше досега за надворешна употреба, се заменува со друга формула. Голем оптимист сум дека кога ќе се реши ова прашање, ќе се отворат разни фондови за Македонија. Нема логика да се каже дека Заев го продава името, бидејќи со симнувањето на тоа прашање од дневен ред ќе се постигне безбедносна и европска благосостојба за државата, а тоа се најбитните параметри“, вели Ружин.

Тој прогнозира дека е можен договор уште во почетокот на март, посочувајќи дека со брзо решение ќе се побијат адутите на националистите во двете земји.

Важно е тоа да биде што поскоро. Ако и не биде до самитот на НАТО во јули, нека биде веднаш потоа. Не верувам многу во случајности во политиката, ама сега сме сведоци на една историска коинциденција, односно двајца лидери кои се мошне слични морфолошки, ментално, идеолошки – и тоа е голема шанса сега да се стави точка на спорот, зашто не верувам дека ќе имаме уште една ваква шанса во наредните десет години“, вели Ружин.

поврзани објави

Последни објави