3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Сообраќајот низ Македонија се одвива по влажни коловози, излевање на вода има на патот Кичево-Битола

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Слаб дожд врне во Штип.

На патен правец Р – 1305 Кичево – Битола на 1-виот километар има излевање на вода на патот во должина 300 – 400 м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

поврзани објави

Последни објави