Реал Мадрид синоќа уште еднаш киксна во Примера, а Кристијано Роналдо имаше лош натпревар и во текот на второто полувреме беше изваден од игра.
Португалецот не ја прифати среќно измената. Камерата се насочи кон него, но тој направи гестикулација која обично не ја прави. Сака да биде во центарот на вниманието, но не и овој пат, на камерманот му рече да снима на теренот, а не да го снима него.