Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски преку социјалните мрежи ги повика нашите јужни соседи да ги смират стратстите и доколку се чувствуваат како Македонци, да започнат заеднички мирољубив живот со македонскиот народ.
-Мојот дедо, татко, јас, моите роднини, моите синови се родени како Македонци и како Македонци ќе го напуштиме овој свет по божјата волја. Со голема почит кон секој грчки граѓанин, доколку се чувствувате како Македонци, ајде да живееме заедно, мирољубиво на ова парче земја кое се вика Балкан и е дел од европско тло, тоа е ваш избор, а исто така и наш, напиша Димитриевски под едно видео од неделниот протест во Атина.
Тој додаде дека национализмот и двете земји ги враќа назад и на место тоа треба да се практикува зедничко разбирање и почитување кои гарантираат стабилна иднина и просперитет на двете земји.