fbpx
5.8 C
Skopje

Познати стартните петорки за „Ол Стар“ – Вестбрук изоставен

АКТУЕЛНО

Заврши гласањето за 66. издание на највозбудливот натпревар во НБА лигата, „Ол Стар“ дуелот меѓу Истокот и Западот. Оваа година тој ќе се одигра во Њу Орлеанс, во арената „Смути Кинг“, а ќе се одржи на 19 февруари.

Стартните петорки беа објавени веднаш по завршувањето на гласањето, па така за Истокот во стартната петорка се најдоа, Кајри Ирвинг од Кливленд, Демар Дерозан од Торонто, Џими Батлер од Чикаго, Леброн Џејмс од Кливленд и дебитантот Јанис Антетокумпо од Милвоки.

Најголемото изненадување кај западот е изоставувањето на Расел Вестбрук од првата петорка, па така за Западот ќе настапат Стеф Кари и Кевин Дурант од Голден Стејт, Џејмс Харден од Хјустон, Кави Ленард од Сан АНтонио и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -