13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

АЛБАНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ПОВТОРНО ПРОВОЦИРААТ: Македонија никогаш не била грчка, Солун бил културен центар на Албанците

Македонија никогаш не била грчка. Солун и регионите на Македонија потпаднале под Грција 1912 година, откако се повлекува Турција. Во 1912 година тие водат војна со Бугарија за Солун, рече професорот по историја при тетовскиот Универзите, Веби Џемаили, во дебатната емисија “Зиг Заг“ на телевизија Арт Ченал.

Универзитетскиот професор не завршува со неговите контроверзни изјави, овој пат тој оди до таму што тврди дека Солун, до заминувањето на османлиите во 1912 година, бил главен културен центар на албанците.

– Ние денес немаме храброст да кажеме дека до 1912 година, Солун бил главен културен центар на албанците. Ние денес како да се плашеме да ја кажеме вистината. Сите албански политики се направени во Солун. И затоа мене ме чуди тоа што ние денес не се осмелуваме да го спомениме ова од стравот дека ќе ни се налутат грците. Зошто ние да не го споменуваме тоа, затоа што ние таму сме правеле историја, рече Џемаили.

Тој тврди дека англиската дипломатија пред берлинскиот Конгрес прифатила Солун да биде главен град на албанците, и дека тие ништо не зборуваат за тоа затоа што Грција им забранува и им прави притисоци.

– И самата англиска дипломатија пред берлинскиот Конгрес прифатила Солун да биде главен град на албанците. Ова денес ни го забранува Грција со сите нејзини притисоци што ни ги прави, вели историчарот Веби Џемаили.

поврзани објави

Последни објави