Вест Хем во наредните денови ќе донесе вредно засилување а тоа е бившиот играч на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Франција Патрис Евра.
Евра во Лондон пристигнува како слободен играч само неколку денови по истекот на јануарскиот преоден рок.
На Твитер под називот ExWHUemrplyee, кој се покажа како извор со репутација на инсајдерски информации од овој клуб, тврди дека 36. годишниот играч брзо ќе биде и официјално претставен.
Инаку, Французинот е без клуб од месец ноември кога го напушти клубот Марсеј.
Така Дејвид Мојс и Евра повторно ќе соработуваат, бидејќи претходно беа заедно во Манчестер Јунајтед.
Договорот во Марсеј го изгуби откако нападна еден навивач пред мечот на Европска лига.
https://www.youtube.com/watch?v=G6Ee-jeKJC8