13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Груби: Начелно формата на новото име е постигната, сега се преговараат деталите

Пратеникот од ДУИ Артан Груби, денес во Њујорк, се среќава со медијаторот Метју Нимиц, со цел да му понуди дополнителни идеи за решавање на спорот за името.

Тој, за Гласот на Америка, најави дека ќе му достави и образложение за сите седум точки од неговиот предлог, кои допрва ќе треба да се разгледуваат.

Груби вели дека начелно формата на новото име е постигната, и оти сега се преговараат деталите, а ја повика и опозицијата да стане дел од решението.

-Не е најголем проблем само формата на името, туку што содржи другиот дел од договорот, а кој се однесува на јазикот, идентитетот, националноста, употребата и преводот, рече Груби.

поврзани објави

Последни објави